Основната дејност на „МЕПОС-Оператива“ е изведба на далекуводи и трафостаници до 400 КV напон.
Освен тоа ги изведуваме и сите видови електрични инсталации во индустиски и станбени објекти, громобрански, водоводни и канализациони инсталации и слично.
За наведените дејности вршиме самостојна изработка на проектна документација, а за нивно изведување сме комплетно опремени со сите потребни алати, работни машини и помагала и со соодветен стручен кадар.
Поради ова сме подготвени работите што ги изведуваме да ги договориме “клуч на рака” и да ги завршиме квалитетно, навремено, сигурно, доверливо, и се разбира, со пристапни цени т.е. со економска оправданост и за инвеститорот и за нас.
Нашето претпријатие произлегува од електроделот на “ЕМРО“ – Кавадарци. Во 1984 год. тоа се најде во склоп на “Елро – Електрика”. На 02.02.1996год. се приватизиравме и станавме Друштво со ограничена одговорност ДОО ”Мепос – Оператива”.
Вкупниот број на вработени изнесува 37.
Финансиските резултати ни се со позитивно салдо. Во изминатиот период инвестиравме многу во опрема и основни средства и сега сме целосно екипирани и опремени за изведување на нашите обврски.